fbpx

Порталб: Автобусите во Тетово ќе сообраќаат од понеделник до сабота од 06 до 20 часот

-

Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ преку Фејсбук информираше за автобуските линии што ќе сообраќаат во Тетово од понеделник до сабота од 06 до 20 часот, пренесува „Порталб.мк“.

  • Линија број 1

На секои 30 минути, со почеток во 06:00 часот

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Центар“, „Шарена џамија“, „Средно медицинско училиште“, „Универзитет во Тетово“, „Универзитет на Југоисточна Европа“.

Враќање од:

“Универзитет на Југоисточна Европа”, “Универзитет во Тетово”, “Средно медицинско училиште”, “Шарена џамија “, “Центар”, “Зелен пазар”, “Палма Мол”, “Автобуска станица”.

  • Линија број 2

На секои 45 минути, со почеток во 06:00 часот.

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Центар“, „Шарена џамија“, „Улица на жичарата“, „Арабати Bаба Tеќе“, „Мала Речица“, „С. Голема Речица“.

Враќање од:

„С. Голема Речица”, „Универзитет на Југоисточна Европа”, „Мала Речица“, „Арабати Bаба Tеќе“, „Улица на жичарата“, „Шарена џамија“, “Центар”, “Зелен Пазар”, “Палма Мол” , “Автобуска станица”.

  • Линија број 3

На секои 45 минути, со почеток во 06:00.

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Ул. Тетовчанка“, „Касарна“, „Дреновец“, „ С. Порој“, “С. Џепчиште”.

Враќање од:

„С. Џепчиште“, „С. Порој“, „Дреновеци“, „Музичко училиште“, „Центар“, „Зелен пазар“, „Палма мол“, „Автобуска станица“.

Директорот на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, Дарко Спировски во интервју за Порталб.мк, изјави дека сега се создадени минимални услови за работа на автобусите на јавниот превоз во Тетово. Иако претпријатието е формирано, некои работи и понатаму се недовршени, а за тоа, според Спировски е потребно време.

Инаку, ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во нејзиниот прв мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, додека истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...