fbpx

Порталб анализа: Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

-

„Се нуди плата од 800 до 1.000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1.500 евра. Додека хрватските хотели и ресторани се полнат со македонски квалификуван кадар, домашните угостители се соочуваат со дефицит.

Што се нуди – плати, сместување, храна, работни визи…

Грција и Хрватска се најатрактивните дестинации за сезонска работа во оваа летна сезона. Голем дел од вработените во кафулињата и рестораните заминуваат надвор од земјава. Особено високи плати со дополнително обезбедено сместување, работни визи, бонуси, нуди Хрватска.

Летниот „шпиц“ официјално почнува на 1 јуни, но дел од „сезонските работници“ веќе заминаа и во мај. На хрватското крајбрежје и на островите се бараат шанкери, келнери, готвачи, хигиеничарки, пица-мајстори. Висината на платите зависи од работната позиција, работните часови, искуството, но платите генерално не се пониски од 900 евра месечно. Огласите се преполни со понуди:

“Работа за главен кувар, помошник кувар, пица-мајстор во ресторан покрај море. Платата на главниот кувар изнесува 1.485 евра, на пица мајсторот 1.215 евра“

За главен кувар месечната плата во некои од хрватските ресторани достигнува скоро 1.800 евра, а на келнер може да надмине и 1.200 евра.

“Работно време 9 часа. Сместување на островот, обезбедена храна, работна дозвола, платен трансфер до крајната дестинација. Асистетнт во кујна – плата од 1.080 евра, келнер во ресторан 1.000 евра“ – пишува во друг оглас.

Освен келнери, шанкери, готвачи, дел од хотелските комплекси во Хрватска бараат и друг кадар – козметичари. Главно работното време за овие сезонски вработувања се движи од 8 до 10 часа. Во дел од огласите се бара познавање на англиски јазик и искуство. Интересот за заминување, особено во Хрватска, е многу голем.

Сезоната завршува во октомври, што би значело дека со месечна плата од најмалку 1.000 евра и со платени трошоци од страна на работодавачите, за четири месеци се заработуваат 4.000 евра, без вклучен „бакшиш“ кој во атрактивните туристички места и преплавените ресторани со гости може значајно да ја „набилда“ оваа сума.

Македонскиот угостителски сектор „кубури“ за кадар

Сопствениците на ресторани кај нас велат оти е речиси невозможно да се најде обучен кадар за вработување во угостителството. Иако во некои угостителски објекти платите надминуваат и 40.000 денари, тешко им е да ги задржат вработените да не заминат во странство.

Угостителството заедно со хотелиерството беа во групата најпогодени сектори од ковид-пандемијата, голем дел работеа со загуби, плаќаат сметки, давачки, плати иако работеа под рестрикции. Сега се соочуваат со масовен одлив на квалификуван кадар.

Според податоците од Агенцијата за вработување, овие дејности високо котираат според бројот на слободни работни места – на четврта позиција со слободни скоро 1.000 работни места.

Дефицит има и на келнери и на шанкери, или во земјава има повеќе од 360 слободни работни места за келнери и повеќе од 200 за шанкери. Изминатите години проблемот со сезонско заминување во странство зема замаф.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...