fbpx

Порталб анализа: Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите? [инфографик]

-

Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба. На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пишува „Порталб“. Позади ова стојат повеќе причини, а една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините.

На истекот од 2020 година, Државниот завод за статистика регистрира „негативни“ трендови во градежниот бизнис. Во ноември во споредба со истиот месец минатата година е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат. Конкретно, во единаесетиот месец од 2020 биле издадени 208 одобренија за градба на територијата на целата држава што е за 14,4 отсто помалку во однос на 2019, истиот месец.

„Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9.6 отсто) за објекти од нискоградба и 76 (36.5 отсто) за објекти за реконструкција“ – наведува Заводот за статистика.

Предвидената вредност на објектите во ноември изнесувала 31,2 милиони евра што е за дури 22,2 отсто помалку во однос на анализираниот период лани. Само кај предвидената изградба на станови регистриран е пад за дури 61,6 отсто.

Во ноември била предвидена изградба на 302 станови, најголем дел или 91 во скопскиот регион, 50 во североисточниот регион, 47 во југозападниот регион и 33 во вардарскиот регион. Во останатите региони била предвидена изградба на помалку од 30 станови.

Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење во одредени општини и зголемените трошоци во градежништвото ја зголемија цената на метар квадратен – коментираат луѓето од градежниот бизнис.

„Во изминатиот период се забележува тренд на постојано зголемување на цените на недвижностите. За ова постојат повеќе причини. Една од клучните е што се зголеми цената на трудот во овој сектор, односно зголемени цени на услуги во градежништво, потоа се зголемија и цените на градежните материјали во 2020 година – уште еден фактор што влијаеше врз пораст на трошоците за работа“, вели Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија.

Овој тренд на ценовен пораст го регистрираше и Народната банка – на крајот од 2020 година е регистриран раст од 1,7 отсто. Но, не само трошоците, туку и сегашните мораториуми предизвикаа „поместувања“ на пазарот на недвижности. Во бизнис круговите се коментира дека цената на квадратен метар во Центар достигнува и до 1.300 евра за нов стан.

„Врз цената на становите неизбежно влијаеше и мораториумот на териорија на општина Центар, односно неможноста за градење што предизвика застој во градежните работи, па дури и загуби за одредени фирми. Овој мораториум се покажа како незаконски, што беше потврдено од Уставен суд. Потоа на територија на општина Карпош имавме укинати Детални Урбанистички Планови по вина на Општината, а од страна на Уставен Суд. Сите овие политики имаат влијание во бизнисот, во понудата на пазарот“, вели Јакимовски и додава дека и со сегашните цени на недвижности Македонија во споредба со земјите од опкружувањето има најниски цени за метар квадратен станбен простор.

Податоците од банките покажуваат дека во ноември, на годишно ниво, регистриран е пораст на станбените кредити за 13,6 проценти. Граѓаните на крајот од ноември по основ на станбени кредити во банките должеле 930 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...