Порталб: Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема готова веб-страница на албански јазик

-

Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема верзија на албански јазик на веб-страницата, иако пред еден месец за Порталб.мк рекоа дека до средината од септември ќе биде пуштена во функција.

Од Агенцијата за млади и спорт, за Порталб.мк минатиот месец информираа дека им пристигнала донацијата од ОБСЕ за новата веб-страница, што ќе биде на три јазици: албански, македонски и англиски.

Прашањата што Порталб ги достави до Агенцијата за млади и спорт:

  • До која фаза е преведувањето на веб-страницата на албански јазик?
  • Последниот пат кога разговаравме ни рековте дека до средината на септември ќе биде готова, зошто сѐ уште не е пуштена во употреба?
  • Кога ќе биде готова веб-страницата на албански?
  • Дали се преведени сите документи?

Претходно, од Агенцијата рекоа дека имаат вработено преведувачи и дека тие работат на преводот на документите, што според нив се во голем број.

Инаку, иако поминаа две години откако Законот за употреба на јазиците во Северна Македонија стапи во сила, неговата примена се одвива многу слабо во пракса. Член 23 од Законот пропишува „Во рок од една година од денот на влегување во сила на законот, сите надлежни институции се задолжуваат да ги донесат подзаконските акти за негово спроведување“. Меѓутоа, пропусти во спроведувањето на овој Закон се забележуваат кај институции и на централно и на локално ниво.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...