fbpx

Поројни дождови, заладување и снег на планините најавува УХМР за вечерва

-

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за доцна попладне и во вечерните часови најавува пообилни врнежи од дожд во северните и во источните делови на земјата, каде што локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

„Во ноќните часови под влијание на студен бран проследен со спуштање на студен воздух од север ќе настапи нагло заладување, а на планините врнежите ќе преминат во снег, но ќе слабеат во текот на ноќта“, велат од УХМР.

Според попладневниот извештај на АМСМ, сообраќајот во државата се одвива по влажни коловози со можни одрони на неколку патни правци.

На Балканот, пак, снегот го отежна сообраќајот во Хрватска и во Босна и Херцеговина.

Дел од патиштата во Горски Котори и во Лика во Хрватска се затворени, а на некои од нив е забрането движењето на товарни возила. Снег има и во Сараево, што исто така предизвика метеж во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...