fbpx

Порастот на цените на нафтата и на храната ќе ја забрзаат инфлацијата

-

Економските аналитичари очекуваат постепено забрзување на инфлацијата и на економскиот пораст во следните две години, покажува најновата анкета на Народната банка за инфлациски очекувања и прогнозите за движењето на бруто домашниот производ.

„Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2019 година упатуваат на просечна стапка од 1,4 отсто, што е помалку за 0,2 процентни поени во споредба со претходната анкета, додека за 2020 и 2021 година очекувањата и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,8 отсто и 1,9 отсто, соодветно“, соопшти Народната банка.

Извор: НБРСМ

Испитаниците го објаснуваат умереното забрзување на инфлацијата во 2020-2021 година со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, пораст на цените на храната, повисоката домашна побарувачка, општиот пораст на светските цени на примарните производи, вклучувајќи ја и цената на нафтата, како и неизвесноста околу Брегзит, трговската војна помеѓу САД и Кина и ризиците поврзани со кризата на Блискиот Исток.

Во поглед на економската активност, анкетираните аналитичари и натаму очекуваат реален пораст на БДП од 3,1 отсто и 3,3 отсто за 2019 и 2020 година, соодветно, како и минимално понизок реален пораст за 2021 година од 3,5 отсто.

Извор: НБРСМ

„Испитаниците ги поврзуваат ваквите очекувања со продолжување на поволните трендови од првата половина на оваа година, позитивните сигнали од олабавувањето на монетарната политика и владините мерки за поддршка на претпријатијата, оптимизмот на економските субјекти, очекуваната интеграција во НАТО и ЕУ, зголемувањето на инвестициската и извозната активност, инфраструктурните проекти најавени од државата, како и со растот на личната потрошувачка поврзан со растот на просечната плата и кредитирањето“, информираат од Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...