fbpx

Пораст на продажбата на паметни телефони за 20 отсто

-

Светската продажба на паметни телефони во третото тримесечје на 2014 година пораснала за 20 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигна 301 милиони уреди, покажаа податоците на истражувачката компанија „Гартнер“.

Лидер во продажбата на паметните телефони е јужнокорескиот „Самсунг“, со пазарен удел од 24,4 отсто, иако продажбата му е опадната за 8,89 отсто, односно на 73,2 милиони уреди.

Уделот на американската компанија „Епл“ изнесува 12,7 отсто, со зголемена продажба за 25,9 проценти, на 38,1 милиони продадени паметни телефони.

Пораст на продажбата забележале и кинеските произведувачи. „Хувеи“ продал 15,9 милиони паметни телефони, 36,6 отсто повеќе во третиот квартал во 2013 година.

„Ксиами“ ја зголеми продажбата за дури 336 отсто, на 15,77 милиони уреди, со што собра 5,2 проценти од пазарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...