fbpx

Поранешниот претседател на Кривичен суд доби уште една кривична пријава

-

Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспекторат за труд констатирал дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски.

Трудовата инспекција, по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена не била „во согласност со член 60, став 2 од Законот за судска служба, поради што му се укажува на работодавецот да го укине донесеното решение“.

Стаменковски со соопштение до медиумите најави кривична пријава за експретседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски, поради основан сомнеж дека сторил злоупотреба на службени податоци, кривично дело од член 149, став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик на РМ, а за кое дело е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...