fbpx

Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас почина на 92 годинишна возраст

-

Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој беше претседател во два мандати меѓу 2005 и 2015 година, почина во неделата на 92-годишна возраст, соопшти Претседателството.

Папуљас исто така беше и министер за надворешни работи во 1985-89 и 1993-96 година. Тој беше висок член на социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу.

По завршувањето на вториот претседателски мандат во 2015 година, Папуљас се повлече од политичката сцена во Грција.

Грчкиот државен врв како и опозициските партии изразија сочувство за смртта на поранешниот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...