fbpx

Поранешниот генсек на Владата Мухамед Зеќири пред судот се изјасни дека не е виновен

-

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири на почетокот на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, известува Дојче Веле на македонски јазик. Неговите адвокати побарале вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули, да се појават како сведоци на одбраната.

Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тврди дека има материјални и вербални докази.

Обвинителката Катерина Коларевиќ во воведните зборови рече дека Зеќири, иако бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира консултантска куќа, која ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта“, во државна сопственост, како и за консултантски услуги за поддршка на процесот за потенцијална приватизација на „Железници“, сепак не добил од Владата одврзани раце да склучува договори во четири очи.

Од друга страна, адвокатите од одбраната сметаат дека Зеќири не работел спротивно од Законот за јавни набавки. Тие обвинителниот акт го оценуваат како „полуполитички говор за некакви принципи“ и сметаат дека ќе докажат  дека обвинетиот не го сторил кривичното дело што му се става на товар.

Тие доставиле барање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули, да се појават како сведоци на одбраната со цел ги побијат тврдењата дека договорите за кои се гони Зеќири се потпишани во четири очи.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 4 октомври поднесе обвинителен акт против Мухамед Зеќири, со кој е обвинет за два договорa што ги склучил додека бил на функцијата, со што го оштетил државниот буџет за околу 1,5 милиони евра.

Зеќири се товари дека со умисла во повеќе наврати ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата и со тоа извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...