fbpx

Поранешни вработени на „Еурокомпозит“ го блокираа центарот на Прилеп

-

Дваесетина поранешни вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, кои што од неодамна се прогласени за технолошки вишок, денеска на пладне протестираа на главната крстосница во центарот на Прилеп, во знак на револт, поради неисплатената отпремнина, заостанати плати и придонеси.

„Упатуваме уште едно барање до Владата, да се одважи и да донесе Закон за претворање на побарувањата по основ на јавни давачки во траен влог. Да ни се исплатат придонесите за заостанатите плати и отпремнините, а кога ќе се продаде фирмата, нека си ги наплати овие средства, што е единствен услов за да може „Еурокомпозит“ да продолжи со работа“, побараа денеска поранешни вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, кои што се прогласени за технолошки вишок.

Тие испратија порака до премиерот Зоран Заев, да го исполни ветувањето дадено на крајот на јануари, да се донесе закон и со три милиони евра да бидат конечно обесштетени. Побараа поддршка и заложба од градоначалникот Илија Јованоски и од сите пратеници, од позицијата и опозицијата. Најавија дека протестите ќе ги продолжат утре, пред Владата.

„Утре протестите ги продолжуваме пред Владата. Ќе остануваме по 10 по 20, таму ќе спиеме, ако треба со полиција нека не креваат кога ќе доаѓаат гости. Но, ние не отстапуваме од нашите барања“, категорични се тие.

Проблемите во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, траат повеќе од две децении. Од доаѓањето на оваа Влада, во два наврата дел вработени се прогласени за технолошки вишок, а новото раководство вложува напори да отвори нови пазари и сукцесивно да ги исплати побарувањата на вработените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...