fbpx

Поранешен градоначалник на Македонска Каменица осомничен за присвојување управна зграда

-

Штипската полиција денеска до Основното јавно обивнителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, кој заедно со уште осум други лица се товари за злосторничко здружување и за уште четири други кривични дела.

Групата е осомничена дека во текот на 2006 година подготвила докумантација и заедно со тогашниот стечаен управник на рудникот „Саса“ ја продала управната зграда на рудникот во Македонска Каменица, без да го евидентираат приземјето на објектот.

Градоначалникот, според сомневањата, со одлука на Советот, сакал да купи половина од зградата за потребите на Општината, но потоа, без одлука на Советот ја повлекол одлуката за да овозможи целата зграда да ја купи новоформираната фирма „МК Кама“, која ја формирал заедно со другите осомничени.

„Откако ја стекнале зградата, „МК Кама“ ја префрлила сопственоста на дел на осомничените. Без да уплати парични средства, поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, стекнал 25 отсто од зградата“, стои во пријавата.

Потоа, во 2007 година, според полицијата, градоначалникот, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал преадаптација на приземјето, иако знаел дека не се сопственици.

Поради ова, групата е осомничена за противправно присвојување на приземјето од 245 квадратни метри, проценето на 16 милиони денари или околу 260.000 евра.

Во адаптираното приземје сега работат две кафулиња, обложувалница и експозитура на банка, кои ги изнајмуваат четворица сопственици, меѓу кои и поранешниот градоначалник, кој е актуелен советник од редовите на партијата на Љубчо Георгиевски. Според каменичани, во дворот дополнително ќе никнат нови четири дуќани откако, во меѓувреме, сопствениците побарале и добиле од Министерството за транспорт и врски градежна дозвола. Актуелниот градоначалник одбил да ги потпише документите, по што дозволата ја издало Министерството.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...