Пораки за сочувство и понуди за помош од соседите и од ЕУ

Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, на „Х“ објави дека Европската Унија ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, а српскиот претседател најави дека ќе го прогласи 18 март (вторник) за ден на жалост во Србија поради трагедијата во Кочани

-

Европската унија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, изразија длабоко сочувство и понудија помош во справувањето со тешката трагедија во која рано утрото на 16 март животот го изгубија 59 лица, главно млади на возраст од 14 до 24 години.

Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, на „Х“ објави дека Европската Унија ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, најави ќе прогласи Ден на жалост во Србија на 18 март поради несреќата во Македонија, а се понудил и да испрати лекари и хеликоптери за лекување на повредените.

„Понудив, во име на Србија, а претседателката на Северна Македонија прифати, да се испратат хеликоптери и други медицински транспортни возила, медицински тимови како помош, како и да се примат голем број од повредените во трагедијата во Кочани во болниците во Србија. Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост поради трагедијата и изразив уверување дека народот на Северна Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде пат кон закрепнување“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, изрази соочуство до премиерот Христијан Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани.

„Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите“, пишува на социјалната мрежа на X унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во соопштение на грчкото МНР, известуваат дека министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изразил сочувство и остварил телефонски разговор со Тимчо Муцунски.

Бугарските лидери, исто така, понудиле помош за повредените во дискотеката во Кочани.

„Бугарија веќе ја понуди својата помош во форма на третман на жртвите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките бази во градовите Софија и Варна,“ велат оттаму.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека се прават подготовки да се транспортираат најтешко повредените лица во пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави.

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ плоштадот. Папата...

Меџити: Коалицијата „Влен“ станува единствена политичка партија

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет...

Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот...

Студентите во Србија, заедно со илјадници граѓани, Велигденската ноќ ја поминаа на протести

Српските студенти веќе шест ноќи ја блокираат зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) и комплексот на студија на јавниот сервис во Белград. Тие го дочекаа Велигденското утро со илјадници граѓани...

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ...