fbpx

Пораки за мир, соживот и поголема љубов кон Бога и кон луѓето, упати папата Франциск на мисата во Скопје

-

Папата Франциск денеска чиноначалствуваше со светата литургија на плоштадот „Македонија“ на кој присуствуваше целиот државен врв, 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство. Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.

По читањето на делови од евангелијата на светите отци и по молитвите што се упатуваат од светата литургија за време на подготовката на светата причест, папата Франциск до верниците ги упати пораките од омилијата, односно беседата. За време на мисата, свештениците ги причестуваа верниците во публика.

Тој му се заблагодари на бискупот Киро Стојанов за целокупната работа во подготовките на овој ден, како и за соработката со свештениците, монасите, монахињите и верниците лаици.

– Го обновувам моето признание и на цивилните државни власти, на силите на редот и на волонтерите. Господ Бог знае најдобро секого од вас да ве награди. Од моја страна ќе ве понесам во моите молитви, а ве молам и вас да се молите за мене – рече папата.

Бискупот Киро Стојанов се заблагодари што папата на неговотo свето апостолско патување ја посетил малата католичка заедница, како и нa неговите благослови за изградба на светилиштата во чест на Мајка Тереза и на апостол Павле.

По едно ипол часовната миса на плоштадот, папата се упати во бискупијата на Католичката црква на Водно, каде што ќе има свечен ручек и време за одмор.

Пред да пристигне на плоштадот со неговиот „папамобил“, папата ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза каде се сретна со лидерите на религиозните заедници и граѓани од ранливи категории.

Папата Франциск посетата ќе ја заврши со миса за вернците во Католичката црква од каде што околу 18 часот ќе си замине од држвата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...