Информацијата дека во училиштата во Тетово се дистрибуира една дрога во вид на гума за џвакање е лажна, и истата информација напрвин е споделена во Албанија, но потоа се покажа дека се работи за витамин Е, пишува Порталб.мк.
Во разни групи на родители на социјалните мрежи во Тетово и околината кружи пораката дека во училиштата се дистрибуира една дрога во вид на гума за џвакање, која предизвикува една состојба на сон со отворени очи.
Почитувани родители, споделуваме со вас еден проблем кој е присутен во училиштата. Ова еден вид на дрога која се дистрибуира во вид на гума за џвакање, но која има последици. Предизвикува една состојба на сон со отворени очи. Треба да бидеме многу внимателни, да си помагаме еден на друг за здравјето на децата. Пријатен ден, пишува во пораката.
Оваа порака предизвика паника и реакции кај родителите.
Порталб.мк разговараше со директорите на училиштата, Секторот за образование при општина Тетово како и со СВР Тетово. Сите едногласно рекоа дека не е евидентиран ваков случај.
Оваа порака првпат е споделена во петокот (25.10.2024) во Албанија од една учителка во основно училиште во Албанија, а потоа се крена паника.
По споделување на оваа информација Државната полиција на Албанија започнала истрага, а вчера (27.10.2024) соошти дека во училиште во Узберишти е запленета таблета во зелена боја и од анализите извршени во Институтот за полициско истражување, во Секторот за хемиски испитувања (на дроги и психотропни супстанци), констатирано е дека нема присуство на никаква психотропна супстанција и се покажа дека содржи витамин Е.