Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Според извештаите на разузнавачки служби, Романија била цел на сајбер напади, а се тврди и дека Русија водела обемна кампања преку илјадници профили на социјалните мрежи за да го промовира Калин Георгеску на платформи како ТикТок и Телеграм

-

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно десничарскиот кандидат, пишува Асошиејтед Прес. 

Ќе биде одреден нов датум за повторување на првиот круг од претседателските избори.

По декласифицирањето на документите, до Уставниот суд на Романија беа поднесени повеќе жалби со кои се бараше да се поништат резултатите од првиот круг поради странско мешање во изборите.

Според извештаите на разузнавачките служби, Романија била цел на сајбер напади, а се тврди и дека Русија водела обемна кампања преку илјадници профили на социјалните мрежи за да го промовира Калин Георгеску на платформи како ТикТок и Телеграм.

Финансирањето на кампањата на Калин Георгеску достигнало над 50 милиони евра, со повеќе од 3 милиони евра дневно во одредени периоди, велат експертите.

Сепак, Георгеску не пријавил никакви трошоци за неговата претседателска кампања.

Прорускиот кандидат за претседател на Романија со огромна финансиска помош

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...