fbpx

Поради поставување нов далновод, можни се прекини во снабдувањето со струја во Тетовско

-

Поради почнување на градежните работи на последната делница од новиот далновод во Тетово, утре ќе биде исклучен далноводот што ги поврзува Скопје и Тетово. На постојната траса ќе се уриваат старите и ќе се градат нови столбови.

– Поради изградбата на далновод, Тетово и околните населени места ќе останат да се снабдуваат со електрична енергија од страната на Гостивар. Сепак, поради едностраното снабдување со електрична енергија, предизвикано од објективни околности, т.е. изградбата на далноводот, а имајќи го предвид фактот дека Тетово и околината се голем потрошувачки регион, не може да се исклучи мал ризик од повремени и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија – изјавија од државната компанија МЕПСО.

Со новиот далновод, се очекува Тетовскиот Регион во иднина да нема проблеми во снабдувањето со струја. Новиот далновод, за кој се очекува дека ќе биде изграден за неполни два месеци, ќе го замени постојниот што беше во функција подолго од 60 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...