fbpx

Поради опасност од атентат, новинарот Христо Грозев ја напуштил Австрија и заминал во САД

-

Истражувачкиот новинар Христо Грозев, извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, инаку Бугарин, дел од мрежата „Белингкет“, кој до неодамна престојуваше во Австрија, заминал во САД, јави бугарскиот онлајн-медиуми mediapool.bg.

Австриските власти го предупредиле Грозев дека убијци ангажирани од Русија активно го бараат, со помош на локални помошници. Грозев до неодамна живеел во Виена.
Според неговата изјава за „Фајненшел тајмс, поранешен офицер од австриските тајни служби, работејќи по налог на руското разузнавање, добил пристап до личните податоци на Грозев. Потоа, истражувачкиот новинар што се посвети на разоткривање на руското влијание во Бугарија и пошироко, заминал за САД.

Сепак, Грозев вели дека ќе продолжи со својата работа, бидејќи верува дека неговите истражувања имаат значење. Тој вели дека „не може да си дозволи да се плаши од Путин“.

„Австриските власти сметаат дека таму не сум безбеден. Не жалам поради тоа што го работам. Не можам да си дозволам да се плашам од Путин, оти така тој ќе победи“, вели Грозев.

Кон крајот на декември, руското МВР распиша меѓународна потерница по Грозев.

Руската амбасадорка во Софија не знае зошто Москва го бара истражувачкиот новинар Христо Грозев

Грозев со уште двајца други колеги од „Белингкет“ во 2019 година ја доби наградата за истражувачко новинарство на „Европските новинарски награди“ „European Press Prize“ токму за откривањето на главните виновници за труењето на Скрипаљови.

Грозев: Руски воени разузнавачи вклучени во труењето на Скрипаљ со години роварат низ Европа

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Издавањето учебници е комплексно, велат од МОН за учебникот кој стаса пред крајот на училишната година

Министерството за образование и наука (МОН) се огласи по повод последните случувања кои предизвикаа реакции во јавноста, кога на две недели пред крајот на учебната година, стаса новиот учебник...
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download intex firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course