Поради ковид-19 состојбата Драмски театар ги одложи претставите до 22 февруари

Фото: Колаж од постерите од претставите објавени на веб страната на Драмски театар Скопје

Поради зголемениот број на ковид – позитивни лица Драмскиот театар во Скопје одлучи да ги одложи претставите предвидени за следниот период.

Како што објавија од театарот, до 22 февруари се одложени претставите: „Странци“ која беше на репертоарот на 16 февруари, како и „Човек перница“ (17 февруари), „Птица со главата меѓу нозе“ (18 февруари), „Чудна случка со кучето во ноќта“ (19 февруари) и „Диши“ на 22 февруари.