fbpx

„Популаст“ е нов агрегатор на најчитаните вести од светот

-

„Популаст“ (Populast.com) е нов агрегатор на вести креиран во Македонија, на кој се генерираат најчитаните информации на социјалните мрежи на 223 највлијателни странски медиуми.

Според основачот на „Популаст“, Игор Трајковски од компанијата „Тајм борг“, на агрегаторот се генерираат само оние вести од странските медиуми кои предизвикале најголем интерес кај читателите на „Твитер“ и на „Фејсбук“.

Односно, вестите кои најмногу биле споделувани и коментирани, и според читаноста отскокнуваат од просекот на другите вести на истиот медиум.

– Станува збор за алатка со помош на која читателот се информира кои вести пројавиле абнормален интерес кај публиката. Отстапување од нормалноста е всушност информацијата која ќе се најде на оваа веб-страница – вели Трајковски.Igor Trajkov

Тој додаде дека за ударните вестите кои се објавуваат на веб-страниците на медиумите најчесто одлучуваат уредниците, но тие и не мора да бидат најчитани.

– Вестите кои се ставени како ударни, може да имаат просечна читаност како и сите други вести на медиумот. Но, на социјалните мрежи најдобро може да се види кои вести ги интересира публиката и најчесто тие се тангирани од таквите вести – додаде Трајковски.

Тој информираше дека овие 223 највлијателни светски медиуми, дневно објавуваат околу 250.000 постови на социјалните мрежи, а агрегаторот ги повлекува оние кои отскокнуваат од просечната читаност.

На „Популаст“ може да се видат најчитаните вести во последните 24 часа, една недела и еден месец на „Гардијан“, „Индепендент“, „Би-би-си“, „Си-ен-ен“, „Блумберг“, „Спутник“, „Ал Џезира“ и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...