Популарната игра Death Stranding е бесплатна на Epic Games до следниот четврток

Квалитетна игра што вреди “да се зграби” бесплатно, а воедно, промоцијата трае до 25 мај

Death Stranding скриншот од Epic Games
фото: Death Stranding / Принтскрин од Epic Games

Death Stranding е една од најпознатите игри на Хидео Коџима, иако со многу сличен хумор на “Метал Гир Солид” игрите. Оваа игра е посебна кога станува збор за дејствата што се прават во неа.

Во играта вие сте еден вид на “поштар” или “курир” којшто испорачува кутии од едно до друго место во постапокалиптичен свет.

Природата и пејсажите во играта се прекрасно сработени и се работи за еден вид на симулатор за одење на големи растојанија – тоа што во други игри се споредни задачи или “квестови”, во оваа игра се главни активности – главно, одите од точка А до точка Б за да испорачате товар. Протагонистот односно главниот лик по физиономијата е толкуван од познатиот актер Норман Ридус од серијата со зомби апокалипса “The Walking Dead”. Споредната улога на карактерот Клиф е базирана на актерот Медс Микелсен, којшто фановите на „The Witcher“ серијата го бараа да го игра ликот на Гералт од Ривија, па дури правеа и дигитални обработки на негови слики за тоа како би изгледало кога тој би го играл ликот. Повелете и погледнeте го трејлерот за играта Death Stranding:

Комичниот аспект на играта е што можете да носите цело брдо кутии и главен проблем е балансирањето на товарот додека одите, често и на нерамен терен. Иако се работи за “Single Player” игра, има и „online features“ при што други играчи можат да поставуваат работи во играта и често има “пренкови” со, на пример, скала што води високо до лизгав врв од кој неминовно ќе паднете кога ќе го искачите.

Но, покрај хуморот, самата игра има и хорор елементи со гротескни работи. На пример, ве напаѓаат и “духови” по пат кои можат да бидат детектирани од бебе во транспортер со стакло кое го носите секаде со вас. Има и борби од блиску и борби со пукање и секакви различни возила – од чудни скејтборди со полици и корпи од супермаркет, до возење мотори. Но, најчест дел од гејмплејот се бавните испораки низ навистина импресивни нивоа со зеленило, снег и со хиперфутористички градби.

Се работи за уникатна игра за која, пред да излезе, имаше голем број на трејлери и тизери на Јутјуб од кои ниеден не беше објаснет, но познато беше дека играта е “страшно чудна”.

Минатата година, истата игра беше на бесплатна промоција за преземање на Epic Games и сега ја повторуваат како откривање на Mystery Game.

Во редовна продажба играта чини 24 евра, а верзијата што ја добивате е со многу позитивни додатоци како “артворк” и специјални скинови екслузивни за верзијата на Epic Games, но има и „Cross play“ со Steam корисниците, и иако нема директен Co-Op, може да учествуваат и ваши пријатели од светот.

Во развој е и втор дел од играта за кој веќе се објавени анимации и гејмплеј на Јутјуб. Навистина квалитетна игра што вреди “да се зграби” бесплатно, а воедно, промоцијата трае до 25 мај.