fbpx

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима, нема ниту европски инвеститори ниту нов концесионер

-

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима со вообичаените проблеми. Ова природно богатство, кое не се одржува соодветно, сè уште нема ниту инвеститор, ниту концесионер. Инвестициите остануваат само изјави на функционери, кои овој туристички центар го користат за фотографирање и нивна промоција, но кога станува збор за преземање одговорност или отчетност, истите креваат раменици и си ја префрлаат одговорноста еден на друг. И покрај молкот и нетранспарентноста на институциите Порталб.мк успеа да дознае дека поделбата на ЕЛЕМ Турс, компанија што во моментов стопанисува со Попова Шапка не е завршена, а процесот е веќе започнат пред година и пол, пишува Порталб.мк.

Од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) во одговорот на жалбата на Порталб.мк, преку Законот за пристап до информации од јавен карактер, демантираат дека има европски инвеститори и дека е одлучено кој ќе биде концесионерот што ќе управува со Попова Шапка.

„Не е одлучено која компанија ќе ја добие концесијата да стопанисува со Попова Шапка. Нема (европски инвеститори) и не е постигнат договор“, велат од ЕСМ.

А на прашањето зошто нема, од ЕСМ велат дека уште не е завршен процесот за одвојување на ЕЛЕМ Турс од нив. Постапката се очекува да заврши во септември и потоа да се продолжи понатаму за видовите инвестиции.

„Од формирањето на ЕЛЕМ Турс во 2012 година, регистрацијата на имотот на компанијата не е завршена, односно објектите и земјиштето не се запишани како сопственост на компанијата, која во моментов управува со центарот. Во тек е процесот на одвојување на ЕЛЕМ Турс и нејзина поделба на неколку компании, со цел Попова Шапка да биде одвоен како посебен независен дел, за да биде достапна и подготвена да стане предмет на концесија, партнерство или друг вид на инвестиција. Процесот на одвојување е во тек и очекуваме да биде завршен до крајот на септември. Потоа ќе следи процес на одлучување за видот на инвестицијата за Попова Шапка, што ќе се избере врз основа на опциите дефинирани во студијата направена од ангажираната консултантска куќа PWC“, објаснуваат од ЕСМ.

Од друга страна, Министерството за економија заедно со Владата на прашањата на Порталб.мк одговорноста за овој процес постојано ја префрлуваат меѓусебно. Иако министерот, кој го води ова министерство, постојано зборуваше за странските инвестиции во Попова Шапка, денеска од ова министерство повторно велат дека тоа не е во нивна надлежност.

„Споменатите прашања се во надлежност на Владата и ЕЛЕМ Турс. Министерството за економија од областа на туризмот е одговорно за подготовка на законски прописи и стратешки документи за развој на туризмот во Република Северна Македонија. Развојните политики се поврзани со подобрување на законската регулатива, туристичката сигнализација и поголема промоција на туристичкиот потенцијал на Република Северна Македонија. Во однос на надлежностите, Министерството за економија нема конкретни надлежности за туристички локалитети од областа на приватизацијата или јавно приватно партнерство“, велат од Министерството за економија како одговор на претставката на Порталб.мк до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Потсетуваме, Министерот за економија, Крешник Бектеши, редовно ја посетува Попова Шапка околу инвестициите. Не многу одамна, туку во февруари, рече дека во Владата пристигнале дописи од странски компании за стратешки инвестиции во Попова Шапка.

„Што се однесува до интересот, има интерес од некои компании кои штотуку доставија допис до Владата на РСМ да, преку Законот за стратешки инвестиции, инвестираат во Попова Шапка, и во моментов сме во преговори“, рече Бектеши на 9 февруари.

За илустрација, потсетуваме на уште една изјава од 8 декември 2021 година, каде Бектеши вели: „Се разгледуваат понудите што ги добивме за развој на Попова Шапка“.

Ако Министерството за економија не е надлежно, зошто разгледува и зошто ги добило понудите? Ова е прашање на кое треба да одговори министерството.

Инаку, очајната состојба на туристичкиот бисер „Попова Шапка“ не е случајна, со оглед на тоа што главните одговорни институции не се заинтересирани и не ги преземаат своите обврски да го развиваат.

Потсетуваме дека поранешниот премиер Зоран Заев беше тој што најави дека во националната стратегија 2021-2027 година, вклучена е и ревитализацијата на центарот „Попова Шапка“. Договорот е во завршна фаза и се предвидува доделување на 99-годишна концесија на европски инвеститор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...