fbpx

Попоски за „Катимерини“: Опасни се флертовите со идеите за големи нации

-

Секаков флерт со теориите за големи држави или нации и идејата за менување на границите е неодговорен и опасен, вели македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за весникот „Катимерини“. Грчкиот весник објави долга репортажа од Куманово во врска со вооружените инциденти, разговор со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, за денот на престрелките и интервју со министерот Попоски околу меѓуетничката и меѓународната состојба на Македонија по случувањата во Куманово.

– Никој на Балканот нема да има корист од промовирање идеи за големи држави или нации. Сметам дека би било подобро да се фокусираме на подобро образование, интеграција и на креирање на нови работни места во целиот регион. Ништо од тоа не зависи од националностите, но е од витално значење за сите нас овде. Ако не се погрижиме за оваа тема, ќе оставиме поголем простор за екстремистите – вели Попоски во интервјуто.

Министерот за надворешни работи дава оцена дека една од можните цели на напаѓачите во Куманово била рушење на односите меѓу етничките заедници, но, според него, овој обид не успеал и не добил никаква поддршка од народот. Попоски истакнува дека секогаш постојат фактори кои посакуваат да создадат хаос и дестабилизација во државата и да профитираат од тоа.

– Би било преседан доколку не постои никој кој ќе сака да создаде дестабилизација. Меѓутоа, факт е дека народот на Република Македонија и народите од Балканот не сакаат тоа да се случи. Не верувам дека тоа е во корист на кој било – вели Попоски за „Катимерини“, додавајќи дека доколку соработката меѓу државите во регионот е успешна и конструктивна, нема да постои начин да се разнишаат мирот и стабилноста.

На прашањето како одговара на народните обвинувања дека владата на Никола Груевски го има исценирано нападот, Попоски остро демантира, коментирајќи дека овие обвинувања се лудост ако се видат сите жртви и штети од судирите во Куманово.

– Се работи за премногу сериозен случај за некој да се шегува со него или да го злоупотребува – коментира Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...