fbpx

Попоски во Брисел побара поголема присутност на претставниците на ЕУ во Македонија

-

Пратениците Артан Груби, Никола Попоски и Фадил Зендели, вчера и денеска учествуваат на конференција посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, која се одржува во Европскиот парламент во Брисел.

На конференцијата, како што соопштија од собраниската Комисија за европски прашања, особен акцент бил ставен на силната заинтересираност на Европската Унија за стабилизација на европскиот континент, при што било нагласено дека тоа нема да се постигне сè додека земјите од Западен Балкан не станат дел од Унијата.

Европратениците на конференцијата испратиле порака дека проширувањето на Унијата ќе продолжи и дека земјите од Западен Балкан во согласност со степенот на реализација и на исполнување на неопходните критериуми имаат јасна перспектива во наредниот период да се приклучат кон ова семејство.

Пратеникот Груби, како што се наведува во соопштението, ги информирал европратениците за текот на реформскиот процес во Македонија, за посветеноста на новото мнозинство да ги зацврсти поставените задачи од Брисел за до крајот на годината да се добие безусловна препорака за почеток на преговори, па дури и конкретен датум за нив.

Пратеникот Попоски упатил апел до претставниците на Унијата за поголема нивна присутност во Република Македонија, како и за поголема соработка на сите земји од регионот во поглед на европската агенда.

– Успехот во интеграцијата зависи од можноста за поголема контрола на Владата од страна на Собранието – рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...