fbpx

Попоски: Судот ќе одлучи кој ќе заврши во затвор

-

Треба да ја почитуваме презумцијата на невиност и да оставиме судските инстанции да одлучат дали е некој виновен или не, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна борба против криминалот.

– За прашања од типот кој ќе заврши во затвор, единствено легитимно и надлежно е судството во Македонија и мислам дека за тоа прашање најдобро е судството да биде тоа што во рамки на правна процедура ќе одлучи кој каде треба да заврши. Сметаме дека како влада имаме одговорност да носиме закони и да се трудиме за имплементација на законите, нешто што го правиме во континуитет изминатиот временски период. Доколку тргнете од истиот постулат, вие имате алтернатива меѓу политичка опција, главната опозициска партија, која истото тоа го кажува во услови во кои ужива аболиции и не соработува со судството – вели Попоски.

Министерот за внатрешни работи вели дека на сите политички сили во Македонија, зближувачка сила им се НАТО и ЕУ и дека Македонија не треба да се грижи за интересите на „тие од надвор“, туку за сопствените интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР вели оти пожарот на Богородица е изгаснат и граничниот премин е отворен

Околу два часа откако извести дека најфреквентниот граничен премин кон Грција е затворен поради пожар, Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е изгаснат а пожарот е отворен. „Преку владино...