fbpx

Попоски: Не е прв пат да ѝ правиме услуга на ЕУ, а да не го добиваме соодветниот третман

-

Нема да биде прв, ниту последен пат да ѝ правиме услуга на Европа, а да не го добиваме соодветнио третман од другата страна, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски за време на денешната посета на „котата 59“ на македонско-грчката граница, со својот австриски колега и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц.

Попоски, алудирајќи на ангажманот на земјава околу справувањето со мигрантската криза, додаде дека Македонија тоа не го прави за да задоволи некого, туку затоа што „верува во европскиот проект“.

– Нема да биде прв, а верувам ниту последен пат кога ѝ правиме услуга на Европа, а не го добиваме соодветниот третман од другата страна. Но, не го правиме тоа за да задоволиме некого туку сметаме дека е многу важен европскиот проект и сметаме дека на крајот на денот наша корист е да бидеме дел од Европската Унија. Веројатно некој ќе сфати дека Македонија заслужува посоодветен третман во овој дел – рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...