fbpx

Пописот во земјава денеска се одвива без проблеми, за два дена попишани над 136.000 лица

-

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека по вчерашните технички проблеми со апликацијата, пописот во земјава нормално се спроведува.

„Во моментов апликацијата е во функција и попишувачите на терен нормално ја извршуваат својата задача, внесуваат податоци кои ги добиваат на терен, од домаќинствата кои ги посетуваат“, изјави Симовски денеска во Куманово, по посетата на Регионалниот пописен центар лоциран во средното техничко училиште.

Заклучно со вчера во 20 часот, попишани се 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови во земјава, информираат од Државниот завод за статистика.

Директорот Симовски ја отфрли можноста поради вчерашните прекини во работата на апликацијата да биле внесени двојни податоци.

Од ДЗС појаснуваат дека досега мал број граѓани одбиле да се попишат, но и од нив никој не е казнет поради тоа што одбиваат да соработуваат со попишувачите. Симовски напомена дека обврска на државните инструктори ќе биде да разговараат со оние лица што одбиваат да се попишат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...