Одлуката на Владата, што се усвои на 29 октомври годинава, за намалување на казните во сообраќајот, е доставена во Собрание, а се очекува да стапи во сила пред Нова година најавуваат од МВР за „Порталб.мк“. Ова значи дека граѓаните и понатаму се казнуваат со старите, односно високи казни.

„Одлуката е испратена до Собрание и треба да се изгласа за да стапи во сила, не знам дали ќе има амандмани или измени во нацрт-законот, но очекуваме тој да стапи во сила на почетокот на декември, односно пред година на нови“, изјави за „Порталб.мк“ портпаролот на Министерство за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Што предвидуваат новите измени во законот за сообраќај?

1. Намалување на казните, најниската казна ќе биде 15 евра, а највисоката 250 евра.
2. Нема да се намалат следниве казни, затоа што тие се најчеста причина за несреќи:
• Возење со брзина поголема од дозволената
• Возење под дејство на алкохол
• Не давање приоритет на поминување
Доколку во рок од 5 години возачот повтори една од овие три престапи, возачката дозвола ќе биде одземена.
3. Укинување на негативните поени. Возачите нема да можат повеќе да ја променат казната со негативни поени, туку ќе мора да ја платат истата.
4. Возила што не се регистрирани повеќе од шест месеци или повеќе, полицијата ќе има право да ги одземе.
5. Полицијата исто така ќе заплени, во период од шест месеци или повеќе, возила што предизвикуваат голема бучава и го нарушуваат јавниот ред и мир.
6. На граѓаните кои користат електрични тритинети нема да им се дозволи да се движат по улиците и булеварите, туку само на велосипедските патеки. На места каде нема велосипедски патеки, дозволена е употреба на тротоари. Максималната дозволена брзина при патување на велосипедските патеки е 25 километри на час, додека на тротоарот само 6 километри на час. За поголема безбедност, граѓаните кои возат тротинети ноќе треба да носат флуоресцентни зелени елеци за да бидат видливи за пешаците и учесниците во сообраќајот. Со измените и дополнувањата на законот се предвидува и староста на лицата кои ќе смеат да возат тротинети, односно лицата под 14-годишна возраст не смеат да возат електрични ситници. Казната за не носење елек е 50 евра, за возење на пат казната е 80 евра, а доколку возите со брзина над брзината дозволена казната е 120 евра.
7. Возачката дозвола важи до 75 годишна возраст.