fbpx

Помор на плашицата кај каналот Студенчиштa во Охрид

-

Изминативе неколку дена во водата кај каналот Студенчишта се забележуваат голем број изумрени единки риби – плашици, алармира охридскиот екологист Климент Арнаудов, активист на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“.

Арнаудов додава дека недостигот од кислород и изливот на нафта од чамците, придонел млади единки на риби крап и плашица да бараат прибежиште кај каналот.

– Јас речиси секојдневно поминувам оттука. Не е првпат да се забележуваат изумрени плашици, но она што го забележав во последните два дена, веќе ја надминува границата. Што друго може да се очекува штом тука се гради канал полн бетон и камен, кој претходно беше полн со плодна мил. Дрвата и трската сега се искорнати. Езерото мора да го заштитиме во целост – објаснува Арнаудов.

Ова не е прв случај во Охридското Езеро да има помор на плашица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...