Архивата на јавни собири соопшти дека на синоќешниот протест пред Телевизијата Родио на Србија (РТС) наречен „Нашето право да знаеме сè“ имало од 53.000 до 55.000 луѓе, пишува Н1.
„На протестот под наслов „Нашето право да знаеме сè“, одржан пред зградата на РТС, забележан е просечен број од 3,15 луѓе на квадратен метар на повеќе од 10.000 квадратни метри (од вкупно 24.350 м2)“, наведоа од Архивот на јавни собири на социјалната мрежа Икс.
Тие оценија дека тоа бил еден од најголемите собири во историјата на Србија.
Проценките на провладините медиуми, објавени синоќа, укажуваат дека имало меѓу 10.000 и 15.000 луѓе.