fbpx

Помалку трансакции на шалтер во банки, граѓаните сѐ повеќе користат платежни картички

-

И во третиот квартал на 2022 година граѓаните продолжиле сѐ повеќе да ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање во трговијата во земјата, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Ова довело до годишен раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции преку платежни картички од 14,9 отсто и 8,5 отсто соодветно.

НБРСМ информира дека годишниот раст на бројот на плаќања во трговијата, пред сѐ, произлегува од повисокиот годишен раст на бројот на плаќања со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба за 10,1 отсто, а на годишно ниво продолжил да расте и бројот на плаќања на физичките места и тоа за 8,3 отсто.

Во третиот квартал од 2022 година е забележан годишен пад за 8,6 отсто кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери при раст на вредноста од 5,6 проценти.

Од Народната банка велат дека е видлива постепената промена на навиките на граѓаните при вршење на плаќања во земјата со цел користење на придобивките од електронското банкарство. Бројот на плаќања извршени електронски во третиот квартал од минатата година се зголемил за 5,2 отсто, додека бројот на трансакции извршени на шалтерите на банките се намалил на 12,5 отсто. За вршење на електронски плаќања најчесто граѓаните користеле мобилни апликации и тоа во 54,7 отсто од случаите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...