Во Музејот на современа уметност (МСУ), утре со почеток од 20:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Полска школа на колаж“ со дела на светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, информираат од МСУ.
Полскиот уметнички тандем Алтхамер и Жмијевски, изминативе две недели беа ексклузивни гости на Музејот на современа уметност во Скопје, каде во една од салите на музејот создаваа нови дела.
Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.
Изложбата на Алтхамер и Жмијевски ќе биде отворена до 25 август 2022 година.
Полските критички уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер ќе работат на „Отворено студио“ во МСУ