Фото: Влада

Половина од испитаниците во теренската анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, спроведена во периодот 17 февруари – 10 март 2021, сметаат дека Владата не постигнува доволно на планот на справување со последиците од ковид-кризата.

Анкетата е спроведена со 1.010 испитаници во периодот 17 февруари – 10 март 2021, а 53 отсто од испитаниците сметаат дека Владата не прави доволно во справувањето со актуелната криза во здравството, економијата и образованието.

Само 39 отсто од граѓаните се задоволни со мерките преземени од Владата, а 8 отсто немале став или не дале одговор.