fbpx

Половина година по несреќата кај Ласкарци: Ужалени семејства, многу сомнежи и малку одговори (видео)

-

Поминаа шест месеци од 13 февруари, денот кога Северна Македонија беше потресена од автобуската несреќа која однесе 16 човечки животи, пренесува „Порталб.мк“.

И по половина година од најголемата автобуска несреќа во историјата на земјава, роднините на загинатите лица и експертите заедно во еден здив си го поставуваат прашањето како можеше да се дозволи таква небрежност од компании кои одговараат за човечки животи. Многу прашања, за кои и јавноста бара одговори: Што ќе преземат надлежните за да спречат слични несреќи? Дали ќе се воведе нова регулатива, дали ќе се купуваат нови автобуси, дали ќе има почесто полициски контроли на состојбата на автобусите?

Семејствата на загинатите завиени во црно

Зоран Давидоски беше еден од ретките стручњаци по безбедност во сообраќајот во земјава. Како жител на Гостивар и раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје, Давидовски секој ден патувал со автобус на релацијата Гостивар – Скопје. Иако во средите обично се враќал подоцна, на 13 февруари 2019 година решил да се врати порано. Но неговата одлука беше кобна, бидејќи автобусот со кој патувал се преврте на 45 километри од неговиот дом, и тој стана една од 16-те жртви во несреќата кај Ласкарци.

„Порталб.мк“ го посети неговото семејство. Во една од населбите во Гостивар нѐ пречека таткото на Зоран – Драгомир. На влезната врата стои некрологот. Вратата ја отворија мајката и сопругата на Зоран, Макра и Мирјана, и двете облечени во црно.

– Цело време патуваше со автобус. Се будеше рано во 6 часот, а во 7 часот имаше автобус. Од работа секој ден се враќаше во 17.45 часот, а автобусот тргнуваше од Скопје некаде околу 16.30 часот. Што се случи, како се случи тој ден, само Господ знае! Никако не можеме да најдеме одговор – раскажува таткото Драгомир.

Од десно седи неговата сопруга, не престанувајќи да плаче.

Поттикната од свекорот, сопругата Мирјана се потсети на последниот разговор што го имала со Зоран.

– Знаевме дека тој ден ќе дојде подоцна. Во 15 минути до 17 разговаравме на телефон. Ми рече дека е во автобус и дека е сѐ во ред. Тој сакаше да дојде порано тој ден, како да го влечеше нешто – раскажува Мирјана, додека нејзината свекрва, мајката на Зоран прошепотува Божја работа“.

Безбедноста во сообраќајот за Зоран не била само работа, туку, како што велат неговите најблиски, и негова страст.

– Цело време читаше и учеше за сообраќајот. Беше магистер, сообраќаен инженер. Во средно училиште тој беше најдобар, исто и на факултет. Потоа, многу го интересираше работата. Некои предмети ги носеше дури и дома. Ги читаше, разгледуваше. Постојано ги разгледуваше законите – раскажуваат мајката и таткото на починатиот.

Многу прашања, а малку одговори за несреќата

Членовите на семејството на Зоран не можат да сфатат како можел автобусот така да се преврти.

– Ете, полнам 76 години, и не се сеќавам дека имало толку голема несреќа во Македонија или во Југославија. Многу млади заминаа, многу од нив единствени деца на родителите – вели Драгомир.

Според него, проблем е кога станица за технички преглед и фирма за автобуски превоз да имаат ист сопственик, затоа што тоа, според него, создава услови за манипулирање со тахографот.

– Како е можно да се дозволи и техничка контрола и превоз? Овие две работи не треба да одат заедно. Познато е дека ќе се манипулира со тоа. Не сум за тоа компаниите да не вршат превоз, но барем да немаат и станица за техничка контрола, и да се превозници. Исто така не ми е јасно како може воланот да не функционира и како не можело да се кочи! Тоа не треба да се случува, барем не со автобуси кои превезуваат 50-60 патници. Ова никогаш не се случило – вели Драгомир, кој овој став го заснова на неговото искуство како возач во поранешна Југославија, кога вршел превоз на патници на државно ниво, а понекогаш и во Грција.

Животот на Зоран бил тесно поврзан со безбедноста во сообраќајот. Се занимавал и со спорт, но сепак целото внимание им го посветувал на двете малолетни деца и семејството.

– Не затоа што беше мој, но таков човек е тешко да се најде – вели таткото, а сопругата додава „Семејството му беше пред сѐ. Децата… -“.

Членовите на семејството нѐ информираа дека, обдукцијата покажала дека причина за смртта на Зоран била задушување. Патниците околу него преживеале.

Враќајќи се од Гостивар, застанавме кај Ласкарци.

Половина година подоцна, на местото нема траги што би потсетувале на несреќата и на загинатите. Пробиената ограда е заменета, додека ливадата каде падна автобусот е покриена со трева.

Обвинетите допрва пред суд

Судската постапка за шесте обвинети за сообраќајната несреќа кај Ласкарци допрва се очекува да започне.

“За обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“, информираат од Судот.

По процената на обвинението, од Кривичниот суд информираат, дека е формиран кривичен предмет со број 1407/19 кој во согласност со системот АКМИС ќе биде распределен за понатамошно постапување, а откако ќе се утврди терминот за главната расправа, странките и јавноста ќе да бидат целосно информирани.

Експертите лоцираат грешки за надминување

Додека тече судската постапка, експертите имаат многу прашања до државата во однос на тоа што таа прави за да се спречи повторување на слична катастрофа во иднина. Се бараат одговори за тоа дали државата презема мерки за намалување на просечната старост на автобусите што сообраќаат низ земјава.

Сообраќајниот инженер Јетмир Алиу како втор пропуст на државата ја посочува можноста техничката исправност на автобусите да се врши од станици за технички преглед што се во сопственост на приватни автотранспортни компании, со што се остава простор за манипулација.

Конечно, експертите прашуваат: Дали полициските патроли и МВР во иднина ќе имаат поголеми ингеренции при контрола на исправноста на автобусите?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...