fbpx

Полог годинава ќе прави географски информациски систем и кампања за чистење смет

-

Центарот за развој на полошкиот регион годинава склучил договори за јавни набавки во вредност од околу 552.000 евра, но само еден од трите склучени договори бил за јавна набавка од годинешниот план. Годинава, според податоците на Бирото за јавни набавки, Центарот за развој на полошкиот регион треба да оствари вкупно 19 јавни набавки: три на стоки, 11 на услуги и 5 за работи.

Според Планот за јавни набавки за 2020 година, Центарот годинава треба да набави контејнери за отпад, трицикли и теренско возило, да потпише договори за изготвување на елаборати за животна средина, геодетски елаборат и експропријација, за надградба на регистарот на потенцијали за развој на рурален туризам во Полошкиот плански регион со дел за стручно образование, за пилот обука од постоечките национални програми за готвачи во угостителски објекти и за адаптација на програми за курсеви за готвачи во угостителски објекти, со акцент на традиционални јадења од Полошкиот плански регион.

Понатаму, планирани се договори за изложување на земјиште, за систем за менаџирање на податоци, за кампања за чистење на смет во девет општини и за надзор над проекти. Годинава, Центарот ќе доопремува стакленик за потребите на проектот „Социјално фармерство“ и ќе ангажира фирми за креирање на платформа за Регионален географски информационен систем за сите општини од Полошкиот плански регион и за изготвување на техничка документација.

Во годинешниот план за јавни набавки се и пет набавки за работи, меѓу кои и рехабилитација на локален пат од село Сушички мост до депонија Русино, Општина Гостивар, и на локален пат од село Палатица до крстосница со локалниот пат Тетово-Требош.

Од планираните 19, вкупно седум јавни набавки се во некоја фаза на реализација. Покрај една за која е склучен договор, завршени се постапките за пет јавни набавки: две за рехабилитација на локален пат од село Сушички мост до депонија Русино, Општина Гостивар и по една за набавка на теренско возило, за надзор над проекти и за изготвување на елаборати за животна средина, геодетски елаборат и експропријација. Тукушто заврши огласот за доопремување на стакленик за потребите на проектот „Социјално фармерство“

Годинава на Електронскиот систем за јавни набавки нема известување за реализиран договор на Центарот за развој на полошкиот плански регион.

Од трите годинава склучени договори, околу 480.000 евра чини креирањето на платформа за Регионален географски информационен систем за сите општини од Полошкиот плански регион, јавна набавка за која Центарот склучил договор во јуни. Во февруари, Центарот склучил договор за дигитализација на работата на Советот за развој на планскиот регион, почната лани. Минатата година била почната и постапката за првиот договор годинава, во јануари, за изработка на техничка документација за пробивање и изградба на алтернативен пат од магистралниот пат Гостивар-Кичево до депонија Русино, Општина Гостивар, во вредност од околу 65.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...