fbpx

Полициски контроли и претреси во локали во Тетовско

-

Екипа на гостиварската полиција утрово извршила контрола во угостителски објект во селото Жеровјане и затекнала пет женски лица, три македонски и две албански државјанки, информираат од полицијата.

Контролата била извршена во локалот „Ловец“, сопственост на А.Ш. (42) од Мала Речица. Албанските државјанки биле приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Според МВР, во саботата, викендов, полицајци од регионалниот центар за гранични работи Север, по судска наредба извршиле претрес во домот и во помошните простории на Л.Ш. од Желино и во угостителскиот објект „Ерди боси“, каде затекнале осум лица на возарст од 19 до 38 години, кои нелегално работеле во локалот.

Седум од лицата се државјани на Македонија, и едно, 20-годишна девојка, е од албанскиот град Дибер, која според полицијата го злоупотребила туристичкиот престој во државата.

Од полицијата додаваат дека при претресот било пронајдено уште едно лице, односно И.К. (23) од Куманово, кој се барал за издржување затворска казна од една година за илегален транспорт на мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...