Додека демонстрантите се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј, голема група припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ги спречија активистите да му пријдат на споменикот, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.
Полицијата се обидува да ги спрече демонстрантите да го бутнат споменикот на Прометеј #протестирам pic.twitter.com/hLNQZUBIFU
— META.mk (@meta_agency) June 20, 2016
Граѓаните извикуваа „Нема правда нема мир“, „Убијци“, „Човечиња“ и им ги објаснуваа своите мотиви на полицајците.
Претходно, неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството за правда, а демонстрантите ја боеја зградата со пумпи и со боја во буриња. Полицијата, иако таму беше присутна во зголемен број, не реагираше на активностите на демонстрантите.