fbpx

Политичкото влијание и неказнивоста се главен извор на корупција, се вели во Националната стратегијата

-

Јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор се процеси кои создаваат најмногу ризици за корупција, во сите сектори на општеството, а главни причини се силното политичко влијание во јавниот сектор и неказнивоста на корупцијата. Тоа се, накратко, главните проблеми кон кои е насочена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, што Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ја усвои на денешната, 25-та, седница, со акциски план за нејзино спроведување.

– Како причини за коруптивно однесување во овие области констатиравме дека најсилни ризични фактори се политичкото влијание, отсуството на личен и институционален интегритет, недоволната транпарентснот, отсуството на неказнивост и недоследностите и недореченостите во законската регулатива, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Стратегијата треба да ја спроведат заедно сите државни институции, но треба да ги вклучи и медиумите и граѓанското општество. Таа има за цел да ја зголеми политичката одговорност, да ги натера политичарите совесно да управуваат со своето влијание во јавниот сектор и да не влијаат во работата на независните тела и на постапките регулирани со закон. Цели на стратегијата се и да се зајакне интегритетот и отчетноста во јавниот сектор, кој своите надлежности треба да ги спроведува на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин.

Со спроведување на стратегијата треба да се обезбеди и интегритет и транспарентност при вработувањето и кадровските политики во јавниот сектор, базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет и да се зајакнат надзорните и контролните механизми.

Една од целите на документот е и дигитализација во сите сектори на јавните служби. Понатаму, стратегијата треба да доведе до намалување на корупцијата во јавните набавки и во процесот на доделување на грантови, субвенции и друга државна помош, да ги зајакне капацитетите и посветеноста на органите за спроведување на законот, на обвинителството и судството во откривањето и санкционирање на корупцијата, и да ги направи поотпорни на корупција.

Стратешки цели во борбата против корупцијата се и поддршка на транспарентноста и интегритетот во приватниот сектор, а државата треба и да ја подигне јавната свест, да спроведува антикорупциска едукација, но и да ги вклучи граѓанското општество и медиумите во борбата со корупцијата во општеството и градење на личен и професионален интегритет, вклучително и во нивните рамки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...