fbpx

Политички барометар: Најголем проблем за граѓаните е пандемијата со ковид-19

-

Меѓуетничките односи не се меѓу главните проблеми со кои се соочува земјата, покажале резултатите на „Политичкиот барометар“ на „Брима“, кој ексклузивно деновиве го објавува „Слободен печат“. Наспроти тоа, најголем проблем за сите граѓани на државата, според резултатите, е пандемијата со ковид-19.

„Како најголем проблем ова го посочиле 27,7 отсто од испитаните Македонци и 24,4 отсто од испитаниците Албанци. Кај другите националности тој процент е 20,0 отсто, а вкупниот резултат е 26,0 отсто“, објавува порталот.

Според објавата, Албанците во Македонија се поголеми оптимисти за иднината на земјата, повеќе веруваат во успехот на нејзините евроатлантски интеграции, како и во помошта од НАТО и САД, но имаат помала доверба во државните институции, особено во полицијата.

Албанците и Македонците се согласни кога е во прашање опасноста од епидемијата со ковид-19 и штетната улога на корупцијата врз иднината на државата.

Политичкиот барометар е изработен од агенцијата „Брима“ во периодот од 27 август до 9 септември годинава. Во истражувањето биле опфатени 1.201 испитаници, а воедно биле и запазени демографските карактеристики на популацијата, како и етничката припадност на испитаниците. Во резултатите е дадена и распределбата на одговорите според етничката припадност.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...