Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека од 22 часот (19.3.2021) до 05 часот (20.3.2021) кога во тек е полицискиот час, констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите со цел спречување на ширењето на ковид-19.