fbpx

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, 369 санкции за неносење маски

-

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека од 22 часот (20.03.2021) до 05 часот (21.03.2021) полициските службеници констатирале дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. За прекршувањето на полицискиот час, за овие лица Основното јавно обвинителство ќе треба да поднесе кривични пријави, кои досега беа во форма на парични казни.

Од МВР велат дека текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19“, се вели во соопштението на МВР.

Инаку, утре во 5 часот изутрина престанува да важи владината одлука за воведување полициски час. Министерот за здравство Венко Филипче веќе најави дека на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот, за што ќе одлучат Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...