fbpx

Полицијата вчера во Скопје казнила 401 возач, од кои 110 за пречекорување на брзината

-

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 401 санкција, информираат од МВР.

Полицијата вчера казнила 24 лица кои возеле без возачка дозвола, а изречени се и 110 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, како и 19 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно санкционирани се 21 мотоциклисти.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 120 мерки за непрописно паркирање, 82 возила се подигнати со пајак и напишани се 69 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...