Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, информираат од МВР.
Полицијата вчера казнила 49 лица кои возеле без возачка дозвола, изрекла 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, како и 42 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно, санкционирани се 31 мотоциклист.
Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле и 36 казни за неносење на заштитна маска.
Од МВР најавија дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.