Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 286 санкции, информираат од МВР.
Полициските службеници вчера казниле 13 лица кои возеле без возачка дозвола, напишале 150 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, и 14 прекршоци за нерегистрирани возила. Воедно санкционирани се 11 мотоциклисти.
Полицијата вчера изрекла 53 мерки за непрописно паркирани возила, а дополнително изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска.
Од МВР најавија дека во наредните денови ќе продолжат со засилените акциски контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.