Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје, во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, информираат од МВР.
Полициските службеници вчера напишале казни за повеќе прекршоци констатирани кај возачите, меѓу кои за возење без возачка дозвола се казнети 35 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење се санкционирани 148 прекршоци, биле откриени 39 нерегистрирани и технички неисправни возила, а биле санкционирани 82 мотоциклисти и биле одземени четири мотори.
Полицијата вчера изрекла 75 мерки за непрописно паркирани возила, додека дополнителни 72 возила биле подигнати со пајак. Само во текот на вчерашниот ден биле изречени и 104 санкции за неносење на заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.