Полицијата вчера во Скопје изрекла 376 казни за возачи и пешаци

-

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден во Скопје продолжија со засилени контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Вчера на подрачјето на СВР Скопје изречени се 376 прекршоци по повеќе различни основи на возачи и пешаци од страна на полицијата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Меѓу напишаните казни, за возење без возачка дозвола санкционирани се 23 лица, изречени се 105 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, додека 22 казни се за нерегистрирани и технички неисправни возила. Вчера биле санкционирани 35 мотоциклисти и биле одземени пет мотори. Пајак службата вчера подигнала 60 возила, а биле изречени и 57 мерки за непрописно паркирани возила. За неносење заштитни маски вчера биле изречени 100 санкции, се вели во соопштението на МВР.

Инаку, портпаролот на МВР Тони Ангеловски вчера информираше дека во наредниот период полицијата ќе спроведе засилени акциски контроли низ целата земја, при што ќе се санкционираат особено оние прекршоци што се причина за сообраќајни несреќи со тешки последици.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...