Photo by Jonah Brown on Unsplash

Синоќа во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место Брушанска населба на Тиквешко езеро, во сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, каде биле затекнати четири лица. Во близина на викендицата пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР најавија дека ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.

Инаку, како што соопшти ресорното министерство, во текот на вчерашната ноќ од 22 часот (3.4.2021) до 5 часот (4.4.2021) кога во тек е полицискиот час, констатирано е дека 31 лицe не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 516 прекршоци.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите со цел со цел да се спречи ширењето на вирусот.