fbpx

Полицијата трага по вандалите што го уништија летниковецот на Маркови Кули

-

Прилепската полиција води истрага за откривање на сторителите на вандалскиот чин во којшто е целосно уништен едниот од двата летниковци што беа поставени на калето „Маркови Кули“ што се издига над Прилеп.

Локалитетот Маркови Кули е со рaритетна старост на карпите, што се проценува над 700 милиони години. Ова кале со височина од 945 метри, каде што живеел Крали Марко (Марко Мрњавчевиќ 1335-1395г, турскиот везир опеан во епското народно творештво), е посебна туристичка атракција за градот, прогласена за споменик на природата.

Минатата година Општина Прилеп, започна со проектот „Маркови кули-заштита и делување“ како дел од програмата „Подобрување на унапредувањето со заштитените подрачја“ што ја спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансиски поддржана од ИПА фондовите на ЕУ. Овој проект е вреден околу 100.000 евра. Целта на проектот како што и сега и тогаш истакна градоначалникот Илија Јованоски беше да се заштити овој локалитет од вандалски напади, да се спречи несовесното континуирано однесување на многу граѓани, случајни минувачи или намерници.

Само за потсетување, два дена по засадување на „Паркот на планетата Земја“, во месноста викана „Пејсобрдце“ на патот за манастирот Трескавец, беа откорнати зимзелените дрвја што требаше да го збогатат шумскиот фонд и зелените појаси околу градот, коишто перманентно деценија и повеќе се уништувани од дрвосечачката мафија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...