Во текот на изминатото деноноќие (06/07.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 613 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од министерството потсетуваат дека граѓаните имаат обврска да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.