Полицајците фатиле 15 прекршители на полицискиот час и изрекле 393 санкции за неносење маска

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово, полицајци на целата територија на земјава откриле вкупно 15 прекршители на полицискиот час, коишто не ја почитувале забраната за движење во гореспоменатиот период, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Исто така, во текот на вчерашниот ден и утрово полицијата изрекла 393 казни за прекршување на мерката за задолжително носење заштитни маски за лице.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се придонесе за спречување на ширењето на ковид-19.